Како што одминува времето, се чини дека животот станува сѐ поапсурден. Понекогаш сѐ што можете да сторите е да се насмеете на бизарните ситуации. Прочитајте ги овие мисли запишани на блогот Тамблер и споделете во коментарите дали се препознавате во некоја од нив.

sizif

1. Омилен спомен од детството: тоа што не морав да плаќам сметки.

2. – Која ви омилената положба в кревет?
– Близу до ѕидот, за да можам да го користам мобилниот додека се полни.

3. Ќе се видиме на суд е возрасна верзија на „Ќе те кажам на мама“.

4. 7 милијарди на планетава и јас имаме само двајца вистински пријатели.

5. Огледалото вели да, камерата вели не.

6. Мојата љубов е како свеќа, ако ме заборавиш ќе ти ја изгорам куќата.

7. Животен совет: Ако ништо не оди како што треба, легни да спиеш.

8. Не грижи се, твојата тајна е безбедна со мене…и мојот најдобар другар/другарка.

9. Денес изгорев 1000 калории. Ја оставив предолго пицата во печка.

10. Можеби изгледа дека длабоко размислувам, но всушност мислам што ќе јадам следно.

11. Кога ќе пропуштите повик, и ќе се јавите една секунда потоа и никој не се јавува – што, по ѓаволите е работата?

12. Проблемот со богатите луѓе е тоа што јас не сум таков.

13. Да се вратиш на бившата/бившиот е како да се истушираш и потоа пак да ја облечеш валканата долна облека.

14. Јас сум природно смешен бидејќи животот ми е шега.

15. Понекогаш сѐ што ви треба се милион долари.

16. Цели за во врска: оформи врска.

17. Знаеш ли што најмногу ме пали? – незаштитена Wi-Fi врска.

18. Човечкото тело има 7 милијарди нерви и ти успеваш да се качиш на секој од нив.

19. Во живо не изгледаш како да имаш 200 години.

20. Љубовта ти го троши животот со некој кој би сакал да го убиеш но не го правиш тоа бидејќи ќе ти недостига.

21. Ништо не е невозможно со музиката од Пиратите од Карибите во позадина.

22. Мојата омилена вежба во сала е судење.

Сподели на Facebook
пати видено