Љубителите на хорор-приказни отсекогаш биле привлечени од антички замоци, особено ако има легенди дека во нив живеат духови. Ужасните приказни, завиткани во легенди и мистицизам, секогаш имаат свои фанови. Има многу такви места во светот.
Средновековните замоци се секогаш популарни туристички дестинации. Некои од нив служат како музеи за оружје и оклопи, други се познати по рачно изработен антички мебел, други по паркови и градини. Секој има своја индивидуална приказна, понекогаш прилично неверојатна. За некои замоци се вели дека имаат духови или „портали до пеколот“. За други е пријавено дека не-човечки експерименти биле спроведувани таму и дека биле создадени ужасни чудовишта.
Замокот Франкенштајн
За овој замок, кој се наоѓа во близина на германскиот град Дармштат, до ден-денес кружат мрачни легенди. Во врска со неговиот сопственик, научникот Џозеф Конрад Дипел фон Франкенштајн, кружеле лоши муабети меѓу локалното население.
Жителите биле убедени дека алхемичарот бил поврзан со ѓаволот и дури му ја продал душата. Тие тврделе дека ги ископувал телата на неодамна починатите луѓе и правел експерименти со нив. По моќна експлозија која уништила една од кулите на замокот, д-р Франкенштајн конечно се сметал за злобен волшебник. Оттогаш, локалното население внимателно го заобиколувало ова место.
Наскоро, алхемичарот исчезнал од замокот. Претставниците на властите го барале низ замокот и долго време не го пронашле. Но љубопитен истражувач откри тајна врата што води до лабораторија. Кога стигнале таму, сите биле шокирани.
Лицето на д-р Франкенштајн било искривено од страшна гримаса, имал бела пена околу устата, а трупот се распаѓал. Тие не откриле кој го убил. Меѓутоа, локалните жители верувале дека ѓаволот на кого ја продал својата душа дошол по него. Оттогаш очевидци тврдат дека го забележуваат неговиот дух во замокот.
Всушност овој замок и оваа приказна ја инспирирале писателката Мери Шели, да го напише романот Франкенштајн.
Чешкиот замок Хуска
Овој замок е изграден во 13 век и зад него се крие страшна легенда. Имено замокот бил изграден на карпа во која имало огромна пукнатина, а луѓето велат дека различни чудовишта излегуваат од неа. Тие се шетале околу замокот и ги напаѓале луѓето. Локалните жители почнале да го нарекуваат ова место „порта кон пеколот“. Жителите на блиското село се обиделе да ја затворат дупката со чудовиштата на секој начин: фрлајќи камења и дрвја во пукнатината, читајќи молитви. Сепак, злобните суштества секогаш се појавувале повторно.
Луѓето се договориле да спуштат во дупката човек осуден на смрт за да им каже што видел. Кога го вратиле горе тој веќе бил мртов, со страшна гримаса на лицето и бела коса. Јажето за кое бил врзан мирисало на сулфур. Луѓето се исплашиле и изградиле капела на оваа место. Потоа капелата прераснала во замокот Хуска.
Историчарите сѐ уште не можат да разберат зошто овој замок бил изграден на таков начин што неговите ѕидови го штитат од внатрешна закана, наместо надворешен непријател? Зошто терасите на ѕидовите се свртени така што стрелците можат само да погодат цели во дворот?
Замокот е сосема бесмислен и од стратешка гледна точка: се наоѓа во пустинска област каде што нема важни патишта. Не постои извор на вода во областа. Замокот никогаш не бил кралска резиденција и дури не служел ни како граничен пункт.
Научниците забележале присуство на чудни фрески во зградата. Тие ги отсликуваат архангелите Михаил и Гаврил, како и Св. Кристофер, со глава на куче – денес овој начин на цртање на светителот е отфрлен од Црквата, но некогаш бил популарен.
Друг чуден феномен во областа на замокот е тоа што никогаш нема да слушнете овде птици. Едноставно е невозможно да се објасни нивната мистериозна смрт околу замокот или чудното однесување на кучињата што случајно влегуваат на оваа територија.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.