Унихабитат, дизајнерски бренд од Јапонија посветен на дизајнирањето облека и домашни производи за миленичиња и нивните сопственици, го дизајнирал можеби најдобриот дуксер на сите времиња, наречен „Мјаугур“. Не само што е дуксер со качулка во вид на мачешка глава и ракави во вид на мачешки шепи, туку има и кенгурско торбиче, па така вие и вашето влакнесто милениче ќе можете да се топлите заедно.
Торбичето може да се користи и за помали кутренца, а има и отстранлива постава, така што ќе можете да ги исчистите влакната кое вашето драго милениче ги остава. Цената на овој производ изнесува околу 45 евра.