Студентка со име Меди, од американскиот град Гринсборо, една недела мислела дека навистина има дух во нејзината соба. Таа дошла до овој заклучок откако лични предмети почнале да исчезнуваат од нејзиниот плакар. Покрај фактот што некои од нејзините алишта исчезнале од плакарот, таа секојдневно забележувала некои траги во својата бања кога се враќала од факултет.
Еден ден кога се вратила од факултет, влегла во својата соба и слушна некакви звуци од бањата. Помислила дека некое животно ѝ влегло преку прозорецот, но сепак прашала: „Има ли некој таму?“ На нејзино изненадување, го слушнала одговорот: „Има. Моето име е Ендрју.“ Таа ја отворила вратата и видела еден човек кој беше целосно облечен во нејзината облека, почнувајќи од панталоните па дури до долната облека. Таа веднаш ја треснала вратата, ја заклучила со столот и повика полиција.
Кога пристигнала на местото на настанот, полицијата го уапсила 30-годишниот Ендрју Свофорд, кој, како што се покажало, цела недела се криел од правдата во студентскиот дом. Тој живеел во плакарите од собите во студентскиот дом, затоа што не сакал да оди во затвор. Сега Ендрју е уапсен и ќе се соочи со казната за дури 14 кривични дела.