Двајца вработени во македонско, државно, комунално претпријатие работат во паркот. Едниот копа дупка во тревата, другиот ја затрупува. Прво од едната страна на патеката, а потоа од другата. Еден минувач ги гледа подолго време и конечно не издржува и ги прашува:
– Пријатели, јас сум импресиониран од вашата работа, но не гледам која е поентата едниот да копа дупки, а другиот да ги затрупува!
– Да, изгледа малку нелогично, но ние си ја работиме својата работа. Обично сме тројца, но денес момчето кое ги сади дрвцата си зеде слободен ден…

Сподели на Facebook
пати видено