Англискиот математичар, астроном и физичар, Исак Њутн бил роден во 1664 според стариот календар, и како што многумина велат, тој е татко на гравитацијата.
Њутн ја открил гравитацијата со мала помош од јаболкницата во неговиот дом од детството, Волстхорп Манор во Грантхам, Линколншир, Англија. Дрвото прв пат пуштило корени пред 400 години. Веќе 240 години е познато како „дрвото на гравитацијата“ и им се покажува на туристите како дрвото на Њутн, од кое што паднало јаболкото кое предизвикало Исак да се запраша зошто јаболкото секогаш паѓа надолу.
Тој се прашувал зошто јаболкото паѓа право надолу, не накосо, или нагоре и сфатил дека мора да има моќ (ние сега велиме сила) која што ги привлекува. „Колку би можела моќта да се прошири? Зошто не и до Месечината?“, се прашувал Њутн.
Ова е класичната легенда која кружи за оваа научна приказна. Приказната ја раскажал Исак на неговите двајца биографи и тие ја запишале и подоцна ја објавиле во биографијата во 1752 година.
„’По вечерата времето беше топло, излеговме во градината да пиеме чај под сенката на една јаболкница’… ми кажа тој. Тој бил во истата ситуација како и порано, нотацијата за гравитацијата влегла во неговиот ум. Мислата му беше предизвикана од падот на јаболкото додека седеше во контемплативно расположение. ‘Зошто тоа јаболко секогаш се спушта вертикално кон земјата?’, си велел тој на себе.“
Денес уште се грижат за дрвото да може да дава плодови. Исто така дрвото е и соодветно оградено за да може да има простор за дишење.