Некогашниот производител на мебел, а денес уметник Џејмс Мекнаб, во Галеријата на Роберт Фонтејн во Мајами отвори нова изложба со наслов „Метроа“. Мекнаб продолжува со своите истражувања на архитектонските облици употребувајќи импровизирана форма на дрводелство која тој ја опишува како „цртање со пила“. Не обрнувајќи внимание на дизајнот или стабилноста на која би му забележал некој вистински архитект, тој работи со поапстрактни форми исечени од егозтични дрва кои стануваат дел од поголеми скулптури кои наликуваат на тркала или маси. Мекнаб вели:
„Го споредувам надреалистичкото сликарство со финото дрводелство. И во двата случаи се работи за бавен, внимателен и детален процес кој изискува голема грижа и сосредоточеност во секоја фаза на изработката. Спротивно на тоа, мојот стил на брза работа со трачна пила наликува на брзо сликање со спреј. Тоа е мој обид за `урбано дрводелство`.“