Римјаните создале една од најголемите империи во историјата на човештвото и биле многу напредна цивилизација. Нивните градови имале јавни тоалети, подземна канализација, фонтани и јавни бањи, аквадукти, употребуале цемент и бетон, империјата била испреплетена со мрежа од поплочени патишта, од коишто повеќето сѐ уште се во употреба и се одликувале со буен и богат културно-општествен живот.
Улица цо Помпеја
Со откривањето на Помпеја во 18 и 19 век, современите луѓе биле вчудовидени од раскошот на античкиот живот, но исто така биле запрепастени и од уште еден факт – најдените тела имале совршени заби. И покрај тоа што грижата за хигиената на забите во тоа време била на приитивно ниво, Римјаните имале поздрави заби од повеќето луѓе денес. На што се должи тоа?
Со помош на компјутерска томографија, научниците ги испитале телесните останки на триесет мажи, жени и деца коишто загинале за време нае рупцијата на вулканот Везув, кој во 79 г. н.е. ги затрупал градовите Помпеја и Херкуланеум и нашле дека отсуството на една супстанца во исхраната на древните Римјани им овозможило да имаат совршено здрави заби. Сосема очекувано, се работи за рафинираниот шеќер.
„Жителите на Помпеја јаделе многу овошје и зеленчук, но внесувале многу малку шеќер. Тие се хранеле многу подобро и поздраво од нас и имале навистина здрави заби. Со проучувањето на нивните заби можеме да научиме многу за нивните животи. Нивната храна била урамнотежена и здрава, слична на таа којашто денес се нарекува медитеранска храна.“
Ете, луѓето уште многу одамна, пред илјадници години, знаеле кој е рецептот за здрав живот, додека денес и покрај сиот тој технолошки напредок, нештата коишто треба да нѐ негуваат и одржуваат здрави – најосновните нешта како храната и облеката – се полни со отрови кои предизвикуваат болести.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.