Јеменскиот град Шибам со причина е наречен „Пустински Менхетен“. Овој антички град има уникатна архитектура и е еден од најстарите примери за добро урбанистичко планирање, кое се заснова на принципот на вертикална градба.
Куќите во Шибам биле опкружени со ѕидините на тврдината од 16 век, па затоа, поради недостаток на слободен простор, зградите пораснале во висина. Со зголемувањето на бројот на жители, се граделе нови катови, а секој кат бил помал од претходниот, па зградите во градот имаат облик на скратена пирамида.
Денес, највисоките глинени згради на планетата се наоѓаат во градот Шибам, а градот е на листата за светско културно наследство на УНЕСКО. Да ги погледнеме неверојатните глинени облакодери на „Пустинскиот Менхетен“.