Археолози кои што проучувале фотографии од полиња со жито во близина на Стоунхенџ откриле остатоци од една од најстарите архитектонски градби што некогаш биле изградени. На оваа место се верува дека имало масовна неолитска гробница, или позната како „Куќа на мртвите“, која датира од пред 5.600 до 5.700 години.
Според главниот археолог, Џим Лири, ова е прв „споменик“ од ваков вид што бил откриен во овој регион во последните 50 години. „Можностите за целосно испитување на долгите гробници е речиси непознато за нас во оваа време и ова претставува фантастична шанса внимателно да ископаме една користејќи ги најновите техники и технологија.“, вели Лири.
Неолитскиот период е исклучително интересен за археолозите бидејќи тој ја претставува промената на луѓето од општества на ловци и собирачи до земјоделски заедници. Овие гробници служеле како место за интернирање на починатиот, така што десетици тела во една просторија биле покривани со земја.
Во текот на неколку милениуми, структурите постепено се вклопиле во околните села, и денес изгледаат како мали ридови во полињата и шумите.
„Оваа земјиште е обрабтувано со векови. Се работи за многу богато и плодно земјиште и како резултат на тоа гробниците станале целосно рамни и ние моравме да ги гледаме и најситните карактеристики што се разликуваа од природното подрачје.“, изјавил Џим Лири.
Воздушното истражување открило правоаголна структура опкружена со два големи ровови во облик на потковица. Лири смета дека ровот настанал од почвата која што била искористена за покривање на објектот. Тимот очекува да пронајде човечки остатоци, неолитска керамика и други артефакти.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.