Тоа е најбогат фудбалски клуб во светот, чии играчи заработуваат и по неверојатни 450.000 фунти неделно. Кога лојалните навивачи требале да платат 120 евра за дрес на Манчестер Јунајтед, реакцијата не била изненадувачка.
Сепак она што ги изненадило навивачите и луѓето низ целиот свет била платата на работниците кои ги изработуваат дресовите.
Нив ги прават жени од Камбоџа, кои земаат по 64 центи на час. Бројката е значително помала од просечната дневна плата во оваа земја. Жените тврдат дека честопати издржуваат тешки услови за работа и во многу случаи можат да си дозволат само домување на сиромашни квартови. Една работничка изјавила дека живее во една соба со нејзиното четиричлено семејство, во куќа, во која живеат три семејства.
Работничките исто така раскажале дека шефовите ги малтретирале доколку не произведат најмалку 60 дресови на час, секоја посебно, а понекогаш биле приморани да направат и по 100 дресови на час. Една жена го изгубила видот поради тоа што со години поминувала по 10 часа во шиење.
Животот на жените е во значителен спротивност со позлатениот живот на фудбалерите на Манчестер, меѓу кои и на чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез, кој наводно заработува 450.000 фунти неделно, сума, за која што на една работничка од Камбоџа ќе ѝ требаат три животи за да ја заработи.
Кога им било кажано дека дресовите се продаваат за 120 евра работниците во главниот град на Камбоџа, Пном Пен, реагирале со одвратност и го обвиниле клубот дека профитира од нивната „крв и пот“.
Фабриката има околу 1.100 работници, од кои 90 проценти се жени. Најчесто, тие започнуваат со работа во 7 часот и завршуваат во 16 часот. Многумина избираат да ја надополнат својата плата со работа до 18 часот.
Во врска со скандалот од Манчестер Јунајтед изјавиле: „Производството на нашиот светски познат дрес го надгледува нашиот партнер Адидас. Ние сме убедени во способноста на Адидас целосно да ги испита овие наводи и да утврди дали е неопходна некоја акција.“