Полицаецот на тајна задача успева да фати на дело група на девојки, џепчии од Бугарија, кои ги ограбувале луѓето на Оксфорд Стрит.
Трите Бугарки ја опкружуваат жртвата додека се обидуваат да ѝ ја ограбат чантата, во познатата шопинг област во Лондон.
Обидот за кражба дошол само неколку минути откако не успеале да ограбат туристка. Полицаецот Стив Штамп ја фаќа бандата на дело додека се нафрлаат на втората жртва. Тој вели кон камерата: „Тие работат во група од три, тие се како ајкули кои кружат околу својот плен. Ајде да ги фатиме.“
Подоцна пристигнале полицајци во униформа и тие биле уапсени под сомнение за кражба. Василева Јорданка, чие што лице може да се види во видеото била прогласена за виновна за кражба, добила условна казна со парична казна од 166 фунти и ѝ било наредено да плати трошоци и оштета на жртвата.
Половина милион купувачи ја посетуваат Оксфорд Стрит секој ден. Минатата година 2.000 биле жртви на џепчии во оваа област.