Запознајте ја Екатерина, или како сите ја викаат, Катја. Таа е единствената жена во затворот во која има 730 „опасни“ криминалци, вклучувајќи убијци чии казни не надминуваат 25 години. Досега сѐ звучи чудно, додека не дојдеме до најчудниот дел, Катја е вусшност голема кафеава мечка.
Таа била прогласена за виновна за два одделни напади врз луѓе и нанесување на тешки телесни повреди, пред 15 години. Катја е единствената со доживотна казна затвор во затворот во Костанај, Казахстан. Таа исто така може да се „пофали“ како единствениот затвореник кој има базен во ќелијата.
Има неколку слики од затворената мечка, но шефот на високо-безбедносната колонија тврди дека таа станала помалку агресивна како резултат на нејзините 15 години зад решетки. „Таа е пријателски настроена, не е агресивна. Таа се разбуди пред околу еден месец од нејзината годишна хибернација. Сега таа се чувствува добро, трча, скока.“, вели тој.
Таа првин нападнала 11-годишно момче во кампот во кој била сместена, додека момчето се обидувало да ја нахрани и му нанела телесни повреди. А по одреден период напднала пијан човек кој се обидел да се ракува со неа. Тогаш бидејќи немало зоолошка градина во регионот мечката била однесена во затвор и ѝ била доделена доживотна казна затвор.
Дури и затворениците ја посетуваат мечката и велат дека е пријателски расположена.