Дубаи е светски познат по своите впечатливи достигнувања во архитектурата. Метрополисот е прославен по своите градски пејзажи и облакодери изградени врз вештачки острови.
Даниел Чеонг, фотограф од Дубаи создава надреални слики на огромните футуристички згради. Тешката магла е честа појава за време на промените на годишните времиња во тој дел од светот, па така често го покрива овој град со покривка од облаци. Од густиот слој излегуваат само највисоките катови. Кога ќе се гледа одозгора, градот изгледа како нешто вонземно, како илустрации од научно-фантастична приказна.