Октоподи и други морски суштества почнале да паѓаат на земјата од небото, откако имало силна бура во крајбрежниот град Киангдао во провинцијата Шандонг во источна Кина.
Иако изгледа како апокалиптично сценариот, ваквите работи не се невозможни. Морските суштества паѓале на земјата затоа што биле вшмукани од океанот од „водено торнадо“. Кога бурата стивнала тие почнале да паѓаат низ градот.
Неодамнешни примери на феноменот вклучуваат инцидент од 2017 година во Мексико кога риби паѓале од небото во градот Тампико и дожд од риби во градот Керала, Индија во 2008 година.
Кинеската метеоролошка администрација, кинеската национална метеоролошка агенција, потврдиле дека имало повеќе морски суштества кои паѓале на земјата поради „водено торнадо“.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.