Брус Дудал има 18 години и работи како доставувач на пица во Мичиген, откако завршил средно училиште оваа година. Тој имал нарачка од Џули Варчети и нејзиниот сопруг Пол, кои порачале за нивните деца. Брус им ја доставил пицата и забележал нешто во собара што многу го заинтеренсирало.
Во собата на семејството Варчети имало пијано и Брус ги прашал дали може да влезе да го види. Пол го поканил внатре и го прашал дали знае да свири. Брус одговорил дека знае и почнал да ја свири „Месечевата соната“ на Бетовен. Пол и Џули биле воодушевени и го снимиле Брус,а пото и го објавиле видеото.
Брус вели дека самиот се научил да свири пијано и „Месечевата соната“ ја запомнил кога имал 6-7 години. Тој рекол дека ја слушал сонатата по неколку часови, а потоа се обидувал да ја отсвири на клавијатирите кои му ги купиле родителите.
„тоа беше долг процес. Треба да седите таму и да мислите и да се обидете да го составите сетоа тоа на пијано, парче по парче. Тогаш не можев да ја прочитам музиката. Јас седев и ќе слушав со часови и часови и се обидував да ја меморирам музиката.“, вели Брус.
Брус изјавил дека кога имал околу 12 години, неговите родители му нашле професор по музика кој му помогнал да го усоврши делото на Бетовен и го научил да чита музика.
Тинејџерот вели дека поголем дел од неговите клинети не знаат за неговиот талент. Тој престанал да свири пијано пред една година кога решил да се фокусира на бејзболот. Тој дури и добил стипендија преку безболот на Macomb Community College, каде што ќе тргне оваа есен.