Сузан Кобич од Њујорк, актерка и мајка на две деца на традиционалниот начин на семејна фотографија ѝ придава доза на црн хумор со оваа серија фотографии наречена „Домашно блаженство“.

Кобич со години го сликала своето семејство, но во нејзините четириесетти увидела дека речиси во секоја фотографија недостасува нешто. Така решила да ги земе нештата во свои раце, создавајќи фотографии кои ќе ги отсликуваат сите нејзини чувства, дури и нејасните, а исто така и негативните чувства.

„Кога ќе ме сретнете, ќе видите дека имам навидум секогаш пријатно расположение, но во мене има цел еден внатрешен свет во кој понекогаш чувствувам депресија и гнев. Многу години го чувам скриен, но сега решив да го истражам малку. Навистина е забавно да се изнесат овие нешта на површината“ – вели таа. Секоја фотографија има „мрачен привкус“ кој е предизвик за традиционалното восприемање на семејната фотографија.

Време на вештерката

fm01

Играчка

fm02

Глад за шеќер

fm03

Багаж

fm04

Добра мамичка

fm05

Време за капење

fm06

Не жали го стапот

fm07

Стари навики

fm08

Пуштај

fm09

Справување со гневот

fm10

Истурено млеко

fm11

Среќни денови

fm12

Сподели на Facebook
пати видено