Агент за истражување на пазарот ѕвони на вратата на една куќа. Отвора млада домаќинка, а од зад грб ѕиркаат три мали дечиња.
– Почитувана Госпоѓо, вршиме истражување на пазарот и сакам да ви поставам неколку прашања. Дали се согласувате да учествувате?
– Да.
– Дали сте слушнале за нашата компанија?
– Не.
– Сериозно? Ова е исклучително стара компанија со голема традиција, која ги произведува следниве производи – ги набројува сите производи на компанијата, меѓу кои и вазелинот. – Дали, користите некој од овие производи?
– Па да, ние редовно го користиме вазелинот.
– За што го користите?
– Па, го користиме кога имаме се*с.
– Вие ме изненадивте. Досега, сите велеа дека го користат вазелинот за испукани усни, за подмачкување на врати, велосипеди и така натаму. Ние многу добро знаеме дека се користи и во се*сот, но никој досега не се осмели да го признае тоа. Ќе бидете ли љубезна, да ми кажете како точно го користите кога имате се*с?
– Не гледам ништо срамно во тоа и со задоволство ќе ви кажам. Ја мачкаме со него кваката на вратата на спалната соба, за да не можат да ја отвораат децата додека ние внатре водиме љубов.