Неговото срце повеќе не чука, но срцето на човекот чиј живот спаси чука без никаков проблем. Полскиот кардиохирург Збигњев Релига и пациентот Тадеуш Зикевиц ги поврзува уникатна врска, како што се гледа на оваа фотографија која ја сподели „Нејшнл Џиографик“. Фотографијата со будното и грижливо око на докторот кој седи и внимава на својот пациент дури и после 23 часа тежок оперативен зафат ги трогнало тие кои ја виделе, и решиле да ја вбројат во 100-те најдобри фотографии во историјата.
Денес докторот не е повеќе меѓу живите, но неговиот пациент секогаш радо се потсетува на поговорката „Ако ти е направена добрина, никогаш не заборавај. Ако си добротвор, никогаш не помни“.
Тоа било тешка и речиси невозможна операција, но сепак послкиот хирург Збигњев Релига се нафатил да ја изведе. Научникот кој во 1985 ја извел првата трансплантација на срце во Полска сакал да ја превземе одговорноста бидејќи никој друг хирург не се нафаќал да го оперира Тадеуш Зикевиц поради неговата напередната возраст.
Тоа се случило во август 1987 кога бил најден соодветен трансплатант. Без да губи време, Релига го информирал пациентот дека операцијата ќе се изведе веднаш. Кога 23-часовната операција била завршена, бил фотографиран од американскиот фотограф Џејмс Ли Станфлинт. Списанието „National Geographic“ барало фотографија која ќе го илустрира пропаѓањето на здравствениот сектор во земјата по крајот на советската интервенција.
После 23 часа во оперативната сала, недостатокот од персонал и соодветна опрема, ненаспаниот Релига останал да внимава на неговиот пациент, будно набљудувајќи го прогресот на закрепнување на мониторите на кои бил поврзан Тадеуш.
Ленс Стенфилд не се фокусирал смо на посветениот доктор и пациентот кој се борел за живот со помош на застарената технологија. Во кадарот ја вклучил и асистентката која не можејќи повеќе да издржи, заспала на подот во оперативната сала. Навистина прекрасен пример за професионална посветеност, човекољубие и сочувствителност. Доктори кои си стојат на својата Хипократова заклетва.