Стариот искусен доктор имал некоја итна работа, па го замолил младиот специјализант да го замени додека ќе биде отсутен, но да прима само итни случаи.
Кога се вратил го прашува специјализантот како поминал:
– Што се случи со колега, имаше ли итни случаи?
– Имаше еден со запек.
– И што му дадовте?
– Па рицино, се разбира. Го протера и ја средивме работата.
– Браво колега. Други имаше?
– Еден беше во депресија, целиот без волја за живот.
– И што му дадовте?
– Па рицино докторе, само тоа имав при рака.
– И што се случи со човекот?
– Го испи рициното и веднаш му се врати силата, скокна на нозе и истрча надвор.
– Друг?
– Дојде уште еден со кашлица.
– И што му дадовте? Чекај, чекај, дозволете ми да погодам, рицино?
– Да, докторе.
– И што се случи со кутриот човек?
– Еве го таму во ќошот, седи и не се смее да се искашла.

Сподели на Facebook
пати видено