Бременоста честопати е тешка, но бременоста комбинирана со рак е поразувачка. Елизавета Булокова, манекенка од Канада со летонско потекло, се соочила со оваа ситуација минатата година, кога имала 24 години. Додека заедно со нејзиниот сопруг Роман Трубецкој била на одмор во Амстердам, тоа што Булокова мислела дека е забоболка се испоставило дека е рак. Докторите ѝ кажале дека ќе мора да абортира пред да биде подложена на хемотерапија.
„Тој беше многу активен и често му зборував додека беше во мојата утроба“, раскажува Булокова за нејзиниот тогаш нероден син. „Морав да му кажам да престане да мрда инаку нема да можам да го задржам, и одеднаш тој престана. Едноставно си кажав, што и да намислил универзумот за мене, јас ќе го прифатам тоа. Ако на моето бебе му е речено да се роди, ќе се роди.“
За среќа, повеќето одложувања на Булокова и пружиле неочекувана трета можност: можноста за царски рез. По консултирањето со докторите, бебето Валентин се родило десет недели порано. На Булокова ѝ биле отстранети 95 отсто од нејзината вилица, била подложена на хемотерапија и сега закрепнува.