Њујорк е полн со бездомници, и како и во сите големи градови, другите луѓе најчесто минуваат крај нив без да воопшто да ги забележуваат. Но еден човек решил да направи мала промена преку едноставен, но неверојатен чин на љубезност.
Дење Андре МекДонел работи во тренди продавницата Атриум во Сохо, продавајќи облека на купувачи со префинет вкус. Ноќе раздава подарени обувки на тие коишто не ни сонуваат да поседуваат нов пар.
Андре решил да го создаде добротворното движење наречено „Ова е од срце“.
Секој ден го поминува патот од Сохо до Гранд Централ и Јунион Сквер за да ги раздели донираните патики на бездомните луѓе.
Замислата му дошла на ум после еден натпревар во кошарка со пријателите пред неколку години.
Андре видел бездомник без никакви обувки на нозете и, трогнат од глетката, решил да му ги даде неговите сопствени патики.
„Кога зачекорив понатаму, го почувствував чакалот под сопствените нозе и тогаш си помислив дека мора да има начин да сторам нешто повеќе од ова“.
Денес тој добива тони донации од други добродушни њујорчани.
Дури одвојува и време да го испере секој пар, трошејќи околку 50-60 долари неделно во перална.
Неговата единствена цел е на тие на коишто им треба помош да им помогне полесно да чекорат во нивните животи, кои и така не биле многу нежни со нив.