Играта Pokemon GO ја популаризираше таканаречената проширена реалност, која со помош на податоците од GPS системот навлезе длабоко во нашето секојдневие и почна да ни ја меша реалноста со виртуелниот свет. Играва што ќе ја видите е чекор понатаму, а замислете што ќе се случи кога ќе се појават и вакви детски игри! Вистински предизвик за идните родители ќе биде да ги научат децата што е реалност а што е виртуелно.