Понекогаш за родителите е тешко да проценат дали постапуваат правилно со нивните деца. Прекрасните мигови како овие јасно покажуваат дека сте на вистинскиот пат. Ако и вие имате моменти кога вашите деца ве направиле горди (а сигурни сме дека имате многу такви) и сте успееле да чкрапнете фотографии, споделете ги со нас.

1. Едно утро ова момче влегло во собата на своите родители и кажало дека сакало да ги искористи своите 120 долари кои ги заштедило во текот на годината за да им помогне на бездомниците, Кога го прашале што има на ум, тој кажал дека сака да им направи ручек.

dc01

2. 9-годишно момче направило засолниште за животни во неговата гаража

dc02

3. Ова 8-годишно момче цели две години го малтретирале и зафркавале додека ја пуштало својата коса за да ја донира за изработка на перики за децата со рак

dc05

4. Дете помага на скулптурата зајче да се искачи за да биде со своето семејство

dc06

5. Кога девојчево видело дете без коса, ја прашало својата мајка зошто е таква. Кога мајка ѝ ѝ кажала дека е болна и поради лекувањето ѝ опаднала косата, таа одговорила: „Па може да земе дел од мојата коса“

dc07

6. Девојчево решило да ги донира своите заштедени пари за локалниот центар за заштита на животни

dc10

7. 9-годишно девојче гради засолниште за бездомници, а исто така и одгледува храна за нив

dc12

8. Момче се грижи заскитаното маче кое го примиле во нивната куќа.

dc13

9. Вака си помагаат братучедите

dc14

10. Кога девојчево дознало дека мачето е болно, решило да му чита за да му олесни

dc15

11. Овие сендвичи се подготвени од едно 13-годишно девојче за неговите родители, без тие воопшто да го побараат тоа од неа

dc16

12. Малиот Карлитос самиот заштедил пари за на кучињата во шинтерската служба да им купи путер од кикирики

dc17

13. Кога родителите на ова девојче ѝ кажале дека кучето ќе мора да прими инекции, таа зела да го гушка и теши велејќи му дека инекциите болат, но потоа ќе му биде подобро, и дека ако е добро куче, потоа ќе го однесе во продавница за играчки

dc18

14. Ова 5-годишно девојче кришум внело теле во куќата за да се гали со него

dc19

15. Кога биле пуштени во продажба играчките диносауруси од паркот Јура со отворени рани, многу родители се пожалиле дека се премногу насилни. Ова 2-годишно девојче побарало од својата мајка да ѝ помогне да му ја преврзат раната и на сликата се гледа како го теши

dc20

Сподели на Facebook
пати видено