Ангела Питерс боледува од церебрална парализа и е врзана за инвалидска количка. Таа сакала да добие маникир во салон за убавина кој се наоѓал во Волмарт, но за жал не ја добила бараната услуга.
Вработените во салонот ѝ кажале дека не можат да ѝ направат маникир затоа што нејзините раце „премногу се мрдале“. Разочараната Ангела си заминала од салонот.
За среќа, касиерката во Волмарт, Харис била сведок на инцидентот и решила да ѝ помогне на Ангела да го добие она што го заслужува. Харис и Ангела заедно одбрале боја на лак и седнале во ресторан за брза храна(Сабвеј) каде што Харис ѝ ги средила ноктите на Ангела.
„Само сакав да го направам нејзиниот ден посебен. Јас навистина не сакав нејзиниот ден да биде уништен. Затоа го направив тоа. И плус таа е мила. И знаете таа малку ги мрдаше рацете и постојано велеше дека ѝ е жал. И ѝ реков да не го кажува тоа, ѝ реков дека е во ред.“, вели Харис.
Таша Смит која работи во Сабвеј ги фотографирала Харис и Ангела, а потоа приказната ја објавила на Фејсбук, заедно со фотографиите.
Касиерката додава дека нејзината цел не е да го извалка името на салонот за убавина, туку да им одржи лекција дека сите луѓе треба да ги третираме со љубезност, без разлика колку и да се поразлични од нас.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.