„Не ми зборувај дури не си го испијам кафето“
Тоа е реченица која на сите ни е позната, а можеби и лично сте ја кажале или слушнале од некои луѓе. За таквите велиме дека се зависници од кафеин. Кoфеинот има најразлични ефекти врз телото; некои се добри и полезни, но другите се штетни за здравјето. Сепак, кафето е дел од нашето секојдневие, па така би било добро ги знаете овие нешта за него.
1. Доброто: кoфеинот во мали дози ја зголемува будноста и го намалува заморот.
2. Лошото: кoфеинот може да го зголеми крвниот притисок кај нередовните корисници. Високиот крвен притисок се поврзува со ударите и церебрално-васкуларните заболувања.
3. Доброто: кoфеинот го забрзува метаболизмот
4. Лошото: кoфеинот може да ја намали моторната способност (на пример да предизвика треперење на рацете)
5. Доброто: кoфеинот се поврзува со намалениот ризик за заболување од Паркинсонова болест и кафето се проучува како можно средство за лекување на симптомите на истата.
6. Доброто: кафето може да биде извор на здрави антиоксиданси.
7. Лошото: кoфеинот може да го зголеми лачењето на кортизол и да го намали имунитетот што може да доведе до кардиоваскуларни заболувања.
8. Доброто: кoфеинот може да го намали ризикот на заболување од дијабетес тип 2.
9. Лошото: кoфеинот може да го зголеми проблемот со несоницата.
10. Доброто: кoфеинот го зголемува нивото на невротрансмитерите како норадреналин, ацетилхолин, допамин, серотонин, адреналин и глутамат.
11. Лошото: кoфеинот предизвикува зависност. Апстиненцијата од кoфеин може да предизвика главоболки, замор и намалена будност.
12. Доброто: кoфеинот може да ја зголеми ефективноста при разложувањето на некои лекарства против болки, особено на тие против мигренаи главоболка.
13. Лошото: високата доза на кoфеин (300 mg или повисока) може да предизвика анксиозност.