Ана, сопственичка на кафуле „Jessie Jean’s Coffee Shop“ во градот Огден, Јута погледнала низ прозорецот и забележала нешто што ѝ го стоплило срцето. Бездомникот Чак, кој често се вртел околу ресторанот ѝ помагал на жена која се нашла во незгода.
На жената и пукнала гумата и бидејќи не знаела како да ја смени некој период останала „заглавена“ на паркингот надевајќи се дека ќе добие помош. Тука се нашол Чак кој ја понудил својата помош.
„Погледнав низ прозорецот и видов дека ова се случува. Ова е Чак. Тој е бездомник и се убива од работа помагајќи ми секој ден во кафулето. Тој е „еден од оние луѓе“ кои ги етикетираат. Да знаете од оние кои сите ги сакаат подалеку од очите, подалеку од умот. Не видов некој друг да се понуди да ѝ помогне на младата дама, само Чак… бездомникот… благодарам Чак.“, напишала Ана под фотографијата што ја објавила.
56-годишниот Чак изјавил дека имал тежок живот и дека поминал и неколку години во затвор, но дека да не биле Ана и нејзиниот сопруг Рон Дејвидсон тој не би успеал до тука.
Ко-сопственикот на ресторанот Рон вели дека може да се поистоветува со Чак затоа што и тој самиот 2 години бил биздомник, но сега има нормален живот и е успешен бизнисмен.
Кафулето секоја недела спремна 20 оброци за бездомните. Тие се надеваат дека луѓето ќе престанат да им судат на другите луѓе според кориците.