Столбот од густ, сив чад од вулканот Бромо во Проболинго, Источна Јава, Индонезија, е знак за народот Тенге да се подготват за годишниот фестивал Јанднја Касада. Стотици Индонезијци опремени со мрежи се спуштаат во срцето на активниот вулкански кратер за да ја искажат нивната благодарност кон боговите за добрата жетва и благодет која им била дадена таа година.
Тенгер Хиндусите ја одржуваат оваа традиционална церемонија уште од петнаесеттиот век, при што за време на едномесечниот фестивал во кратерот фрлаат најразлични дарови како овошје и зеленчук, но и живи суштества како јарци, кокошки, а исто така и пари и други вредни работи. Церемонијата се одржува на 14-тиот ден од хиндуистичкиот фестивал и се верува дека започнала кога принцезата по име Роро Ентенг и нејзиниот сопруг Јого Сегер побарале помош од боговите. Имено, тие не можеле да имаат деца и од боговите побарале деца, по што им биле ветени дваесет и четири деца, но им било кажано дека дваесет и петтото ќе мора да го фрлат во вулканот како човечка жртва. Иако повеќе не се жртвуваат луѓе, традицијата да се фрлаат дарови за да се удоброволат божествата сѐ уште постои.
Тамошните луѓе веруваат дека благословот од Хјан Види Васа, божеството од вулканот Бромо, како и Махадева, богот на планината, на народот Тенгер ќе му донесе среќа и благосостојба, сѐ додека се одржува традицијата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!