Свештеник христијански фундаменталист од црква во Аризона е жестоко осуден од американската јавност поради неговиот став во врска со масакрот во геј клубот во Орландо. Само неколку часа по „најстрашното масовно убиство во американската историја“, како што се опишува настанот, баптистичкиот свештеник Стивен Андерсон објавил тирада на Јутјуб во која вели дека жртвите и заслужиле да умрат.

sv01

„Добрата вест е што сега има педесет педофили помалку на овој свет, бидејќи знаете, овие хомосексуалци се еден куп одвратни перверзници и педофили“, вели Андерсон во своето видео. „Ете тоа беа жртвите, еден куп одвратни хомосексуалци во геј бар, ОК?“

Андерсон – кој и порано наидувал на осуди во јавноста поради негови претходни коментари за Барак Обама, нападите во Париз, трансексуалецот Кејтлин Џенер и за сидата – ја цитирал Библијата како доказ за оправданоста на тоа што се случило во клубот Пулс.

„Библијата вели дека хомосексуалците треба да се убијат…Очигледно не е во ред некој едноставно да го изрешета местото…Овие луѓе и така сите требало да бидат убиени, но требало да бидат погубени од една правична влада.“

Видеото на Андерсон било видено близу 100 000 пати и добил илјадници коментари во кои корисниците на Јутјуб го осудувале за ширење омраза.

„Јас сум христијанин и ја оплакувам загубата на педесет мои браќа“, пишува еден корисник. „Се надевам дека луѓето сфаќаат дека сите христијани не се тесногради распространувачи на омраза како овој човек. Не верувам дека некој има право да ги суди другите, и жалам за убиството на овие луѓе. Многу ми е жал што еден ваков човек ги претставува христијаните. Ве молам, знајте дека сите не сме како ова животно.“

Андерсон вели дека лошата страна на масакрот во клубот Пулс е тоа што ќе има понатамошни притисоци за контрола на оружјето, при што на нормалните Американци нема да им биде дозволено да поседуваат оружје за самоодбрана.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено