Најдобриот божиќен подарок кој би го посакале. Софи Максвел добила нова шанса за живот – само 11 откако докторите предложиле да ја прекинат нејзината нега. На девојчето ѝ било кажано дека ѝ е потребно ново срце на Божиќ минатата година, но нејзините родители морале да се соочат со мачно чекање од цели дванаесет месеци за донатор.
Триесетгодишната Кериен и четириесетгодишниот Иан биле скршени кога докторите препорачале да се прекине со негата за нивната ќерка откако добила смртоносно труење на крвта. Но, тие одбиле и само единаесет дена подоцна било најдено соодветно срце и Софи била одведена на операција.
Сега таа е добра и насмевната на фотографиите откако единствената желба за Божиќ на нејзините родители се оствари. Тие се бореле за нејзиниот живот откако ѝ бил дијагностициран синдром на хипоплазија на левата страна на срцето – вродена аномалија која го погодува протокот на крв во срцето – за време на 23-тата недела од бременоста на Кериен. По неколку операции, состојбата на Софи сепак продолжила да се влошува.
Минатиот Божиќ состојбата се влошила драстично и нејзините органи почнале да откажуваат. Згора на сѐ, по последната операција добила сепса, нешто што ги ужаснало нејзините родители. Докторите им сугерирале да се откажат.
„Три години се борев за не аи не можев да си помислам да не ѝ овозможам шанса за нормален живот. Сега изгледа како да е друго дете. Најпосле го има новото срце кое очајно ѝ беше потребно. Пред операцијата беше модра бидејќи нејзиното срце не работеше како што треба, но по операцијата веднаш доби здрава розова боја. Какво олеснување што беше најден соодветен орган…Тоа беше единственото нешто што го посакувавме за Божиќ“, вели мајката.