Семејството е најважната работа во животот сите ние сме спремни да жртвуваме многу за своите најмили. Најчесто големината на семејството се планира, но понекогаш животот може и да ве изненади. Лусија која работи и како фотограф воопшто не ни помислила дека денес ќе е мајка на 6 дечиња. Таа и нејзиниот сопруг првин добиле момченце, а во втората бременост добиле момчиња, близнаци. „Трета среќа“ за девојче била буквална за нив, бидејќи тие тогаш добиле не едно туку три девојчиња.
Среќната мајка вели: „Животот е прилично со обврски, но јас си го сакам моето големо семејство. Ова никогаш не беше мојот план за живот, но сега, не би го сменила на друг начин. Уживам во тоа да бидам мајка.“ Таа исто така ужива да фотографира различни моменти со своето семејство и фотографиите ја доловуваат вистинската семејна атмосфера, која ќе ви ги стопли срцата.