Практично збришан од ловокрадците и побарувачката на рогови на овие животни на црниот пазар, северниот бел носорог е на работ на истребување. Носорогот Судан во резерватот Ол Пејета во Кенија е последниот машки бел носорог во светот.
Проблемот е во тоа што неговиот рог би се продал за повеќе од 75.000 долари по килограм, што е и причината зошто вооружените ловокрадци речиси го истребиле овој вид во текот на последните неколку децении.
Поради тоа е назначен тим искусни ренџери кои ќе го надгледуваат просторот од 36.500 хектари, користејќи GPS уреди, надгледувачки летала и кучиња тренирани да детектираат човечко присуство. Во моментот научниците ја разгледуваат можноста за вештачко оплодување или вкрстено оплодување на женките (останати се вкупно пет во целиот свет) со сличен подвид и потоа нивното потомство преку селективно оплодување да се доведе пак до чисто бел носорог.