Една од најголемите пречки која не ни дозволува да го истражуваме универзумот е тоа што се потребни многу години за да се стигне до останатите сончеви системи. Ќе ни бидат потребни приближно 165.000 години за да стигнеме до нашата најблиска соседна ѕвезда користејќи ја технологијата за вселенско патување што ја имаме денес.
Инженерите моментно развиваат системи за јонски погон што ќе помогнат да се забрза темпото, но технологијата за вселенско патување можеше да заврши на многу поинаков пат пред околу 60 години, според интервјуто со познатиот физичар Фримен Дајсон. Покрај неговите неверојатни достигнувања во математиката и физиката, Дајсон отсекогаш бил вселенски ентузијаст. Тој и неколку други физичари биле регрутирани од генералот Атомник кон крајот на 1950-тите за да развијат уникатен вид на вселенски бродови.
Едноставно кажано, идејата била да се активираат еден куп на атомски бомби зад вселенски брод и се вози на импулс од експлозијата. Тие го нарекоа „погон на нуклеарен пулс“. „Значи, ние би го лансирале бродот во вселената – бомба, бомба, бомба, бомба, бомба – ќе се активираат околу четири бомби во секунда“, вели Дајсон во интервју.
Оваа луда идеја била наречена Project Orion и ова беил неговиот дизајн на вселенски летала. Леталото би можело да носи 100 тони и осум астронаути. Левата половина на сликата го покажува возилото кое ќе го лансира вселенскиот брод. Десната половина покажува како ќе се вивне леталото високо во атмосферата пред да почне нуклеарниот погон:
Нејзината конкуренција била традиционалната ракета на хемиски погон што ја разви програмата на НАСА, Аполо. Оваа ракета ги однесе Нил Армстронг и Баз Алдрин до месечината. Апсурдноста на правењето патека од паѓачки нуклеарни бомби е причината поради која проектот Орион не успеал. Сепак физичарите кои работеле на него биле убедени дека можат да се искористат за да се создаде моќен погон. Физичарите првин сакале да го посетатат Марс, а потоа и Јупитер и да продолжат понатаму во вселената.
„Планиравме ние самите да одиме први.“, вели Дајсон во интервју. Проектот Орион дури изградил и прототипови. Иако, за среќа, тие користеле хемиски експлозии, а не нуклеарни во тестовите. Всушност идејата за ракетен погон со согорување на експлозивна материја била за првпат предложена од рускиот експерт за експлозив Николај Кибалчич во 1881 година, а во 1891 слични идеи биле развиени независно од германскиот инженер Херман Гансвиндт. Општите предлози за нуклеарен погон за првпат ги направил Станислав Улам во 1946 година, а прелиминарните пресметки ги направиле Ф. Рајнс и Улам во Меморандум за Лос Аламос од 1947 година. Вистинскиот проект(Орион), започнал во 1958 година.
Нуклеарниот погон би можел да биде брз и евтин начин на меѓупланетарно патување. Но, тој брзо ја изгуби јавната и политичката поддршка поради опасностите кои постојат од испуштање на многу нуклеарни бомби по ред.