Родителите во Британија збеснале откако добиле писмо со упатство како да им помогнат на своите деца да си го изберат полот пред да тргнат во основно училиште. Советот на Брајтон и Хоув Сити пратил писмо до стотици семејства известувајќи ги во кое училиште ќе можат да тргнат нивните деца од септември, но во писмото исто така ги змаолувале да наведат кој пол нивното дете претпочита да биде.

gl01

Писмото гласи: „Ја признаваме можноста дека не сит ваши деца и млади луѓе се идентификуваат со полот кој им бил назначен при раѓање, или можеби се идентификуваат со пол кој не е ни машки, ни женски, но сегашниот воспоставен систем бележи само машки и женски пол. Ве молиме помогнете му на вашето дете да избере во кој пол се препознава. А ако имаат друг полов идентитет, ве молиме полето оставете го празно и дискутирајте за тоа со надлежните во училиштето.“

Родителите го критикувале овој потег, тврдејќи дека децата треба да се остават да си уживаат во својата невиност. Тие овој пристап го критикувале и поради тоа што четиригодишните деца сѐ уште немаат формирано поглед кон светот кој би им овозможил целосно да ги разберат половите улоги.

Една мајка вели: „Децата немаат пристап до возрасниот поглед на светот – тие не ги разбираат концептите како трајност, општествените структури, што е возможно, а што не е. Четиригодишните деца немаат фиксирани гледишта и честопати не разбираат дека нивниот пол, боја, па дури и род е фиксиран. Да се третираат децата како да се возрасни е многу опасен пристап од безбедносна гледна точка. Тие не се возрасни – оставете ги да си уживаат во нивната невиност и креативноста на нивното детство.“

gl02

Пратеникот Ендрју Бриџин исто така го критикувал ова известување, велејќи: „Училиштата треба да ги учат децата како да читаат и пишуваат, а не да ги тераат да размислуваат за промена на полот.“

Во западниот свет, а веќе срамежливо и кај нас, се форсира концептот за т.н. флуидност на полот, при што се истакнува дека полот е менлива категорија и дека е „социјален конструкт“, т.е. нешто наметнато од општествените норми, па според тоа подлежи на промена. Со таков приод училиштата на децата на возраст од тринаесет до осумнаесет години им даваат можност да одберат од листа која вклучува изрази како „интерполовост“ (genderqueer), „триполова личност“, „полово флуидна личност“ и сл. Сега гледаме дека таа граница се поместува до децата на четиригодишна возраст.

Но, дали ова е во ред? Што би можеле да знаат децата за тоа како возрасните гледаат на светот? Токму со вакви потези се нарушува нивното право подоцна кога ќе пораснат сами да можат да одлучат што се тие и какви се. Најнова мода на запад е машките деца да се тераат да носат фустанчиња и да се играат со кукли, за да видат како изгледа, и наводно да имаат можност да одберат што повеќе им се  допаѓа, да бидат машки или да бидат девојчиња.

Сподели на Facebook
пати видено