Човечката грешка е одговорна за 94 отсто од сообраќајните несреќи во целиот свет; техннологијата може да го поправи ова. Можеби уживате во возбудата да возите брзо на автопатот или во можноста да скокнете во вашиот автомобил и да се одвезете каде и да посакате, но според некои извори, возењето во блиска иднина може да стане незаконско.

Според некои проценки, до 2030 година економијата силно ќе биде погодена со тоа што милиони возачи на камиони, таксисти и доставувачи ќе бидат оставени без работа. Возеето нема да стане незаконско поради климатските промени или како последица на подобрување на јавниот сообраќај. Не, возењето ќе биде застарена работа поради фактот дека технолошкиот напредок и иновациите ќе помогнат да се спасат многу животи. Секоја година на светско ниво, повеќе од 1.2 милиони луѓе ги губат животите во сообраќајни несреќи, а во оваа бројка не се пресметани повредените.

Мора да се признае дека бројот на жртвите предизвикан од автомобилите е астрономски. Минатата година загинале 275.000 Кинези, 238.000 Индијци и 33.000 Американци во сообраќајни несреќи кои можеле да се спречат. Безбедноста е подобрена, особено откако Ралф Надар во 1965 ја објави книгата „Небезбедни во било која брзина“, но нема сомнеж дека технологијата може да ја замени човечката грешка и неодговорност.

Self-Driving1

Автоматизираните возила не возат пијани, не возат расеани и не заспиваат зад воланот. Тие се опремени со камери, инфрацрвени сензори, планирани мапи и секаков друг софтвер кој им овозможува точчност во избегнувањето опасности какви што луѓето ја немаат.

Да се потпрете на автоматизирано возило за да патувате од место на место се чини како концепт од научно-фантастичните филмови, но дефинитивно станува реалност. Автоматизираните возила на Гугл веќе забележале милиони километри на патиштата на кои доминираат возила возени од луѓе. Тоа е особено впечатливо. При тоа, автоматизираните возила до сега единаесет пати биле удирани од луѓе возачи, но ниеднаш самите тие не биле причина за несреќен случај. Според статистичките податоци, човечката грешка е одговорна за 94 отсто од сообраќајните несреќи во целиот свет. Дали тоа се должи на стресниот ден, ракувањето со мобилен зад воланот, дете кое вреска и го одзема вниманието од задното седиште или здравствената состојба на возачот, овој број на несреќи драстично може да се намали, па дури и да се спречи. Некои сметаат дека автоматизираниот транспорт е единствената опција во иднина, како што сообраќајот се зголемува од година во година.

SelfDriving2

Автоматизираните автомобили можат побрзо да закочат, побрзо да фаќаат кривини и да ги предвидуваат промените во патните услови за кои има мала веројатност дека би биле забележани од човечко око. Како што стојат работите, роботите многу подобро комуницираат помеѓу себе отколку луѓето. Кој би претпоставил…

Вербата во иднината на автоматизираниот транспорт е толку силна, што британската влада неодамна инвестираше повеќе од педесет милиони фунти за експерименти во оваа насока. Во САД, Универзитетот на Мичиген намени 32 хектари земјиште за изградба на патека за изведување на тестови со автоматизирани возила. Сето ова води до заклучок дека возилата контролирани од роботи ќе бидат пуштени во промет во сосема блиска иднина.

И на крајот на краиштата, Илон Маск изјави дека „луѓето можеби ќе го забранат возењето автомобили бидејќи е премногу опасно.“

Можеби навистина ги живееме последните денови на возењето.

Сподели на Facebook
пати видено