Научниците се надеваат дека ќе можат да издвојат ДНК од примероци на кожа и влакна најдени на некои од платната на Да Винчи. Револуционерното истражување кое ќе им овозможи на истражувачите да дознаат повеќе за славниот ренесансен гениј од било кога порано, ќе започне со внимателно проучување на неговите слики и белешки со цел да се најдат влакна и кожни остатоци од кои би можело да се издвои ДНК на уметникот.

ln

Со анализирање на генетскиот материјал би требало да се овозможи определување на многу од неговите телесни карактеристики како бојата на очите, тенот на неговата кожа, како и обликот на неговото лице. Со ова дури би можела да биде решена една од најголемите мистерии во врска со Да Винчи – неговиот гроб. Иако е познато дека првично бил закопан во капелата Сен Флорентин во Амбоа, во 1915 година. Зградата била уништена за време на Француската револуција и се смета дека неговите останки можеби биле пренесени во помалата капела Сен Убер.

Доколку се набави човечка ДНК од неговите дела и се секвенцира, тогаш генетскиот материјал би можел да се спореди со генетските информации на коскените или други останки кои би можеле да бидат ексхумирани“, вели Џеси Аусјубел, вицепретседател на фондацијата Ричард Лаунсбери.

„Се залагаме да стекнеме не само поголемо историско знаење за Леонардо, туку и можна реконструкција на неговиот генетски профил, што би можело да обезбеди увид за други индивидуалци со впечатлив квалитет.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено