Ден 1: Конечно стигнав на границата на Европската Унија. Полицајците изгледаат многу разбрани и љубезен. Ми рекоа за 100 лева ќе ме пуштат да влезам.
Ден 2: Стигнав до Харманли. Ме тепаа полицајци. Стигнав до Хасково. Ми ги побараа моите лични документи. Ми ги зедоа, ми зедоа уште пари и пак ме натепаа.
Ден 3: По краток престој во ургентното во Пловдив стигнав до Софија. Уште не ме тепале денес. Охрабрен сум.
Ден 4: Ме тепаа националисти и ме ограбија. Бегав од полицијата.
Ден 5: Заврна снег и натрупа многу. Купив јакна, но ми ја украдоа.
Ден 6: Покрај мене помина весела пијана толпа. Ме навредуваа, ме тепаа, ме фрлија во една грмушка и смеејќи се продолжија по улицата.
Ден 7: Решив да се вратам во Сирија. Таму е подобро.

Сподели на Facebook
пати видено