За повеќето, еден скромен надгробен споменик е сосема доволен за еден пристоен погреб. Други одбираат нивната пепел да се расее во морето. Но за Џон С. Мекмилин, ниедна од овие опции не била доволна. Пред да почине овој успешен бизнисмен, масон и посветен припадник на методистичката црква, тој за целото свое семејство изградил цел еден мавзолеј кој изобилува со симболизам. Не само што сакал да остави траен белег зад себе, туку сакал на сите да им покаже што е тоа што најмногу му значи, имено, семејството.

Мекмилин кренал мавзолеј за да ги смести останките на неговото семејство, длабоко во шума на гробиштата „Роче Харбор“ во Вашингтон. Мавзолејот е познат под името „Афтерглоу Виста“.

av01

Влезот е грандиозен, покажувајќи што Мекмилин сметал за вредно – неговата работа и неговото семејство.

av02

Во средината на отворената ротонда има маса од варовник, со дебели камени столови околу неа. Столовите се всушност еден вид надгробни споменици во кои е сместена пепелта на членовите на семејството.

av03

На едно место на масата се чини дека има празно место, коешто треба да го претставува гробот на еден од неговите синови, но Мекмилин се одрекол од него поради тоа што неговиот син се одрекол од методизмот. Исто така, во ротондата има намерно „скршен“, т.е. недоврешн столб, кој ја претставува незавршената природа на човечкиот живот.

av04

Доколку некогаш патот ве нанесе во американската држава Вашингтон, и посакате да го видите овој споменик од 19. век, тој се наоѓа на островот Сан Хуан.

Сподели на Facebook
пати видено