Доколку би се возеле со такси оваа година во Јапонија најверојатно би се соочиле со таблет вперен во вашето лице, кој ќе го скенира, за да го дознае вашиот пол, возраст и други карактеристики, сѐ со цел да „знае“ какви реклами да ви пушти.
Системот за препознавање на лица се прочу откако откако инженерот на Google за приватност, Роза Голијан, објави фотографија на Твитер од таблетот објаснувајќи дека се користи во јапонските такси возила за да „се определи полот и да се испорача најоптимизирана содржина.“ Ова пример колку можат да бидат напорни рекламните објави и како навлегуваат во нашиот приватен живот и лични права.
Еден QR-код на сликата се поврзува со веб-страницата на јапонската платформа за развој на е-трговија DeNA Co Ltd – специјално поврзувајќи се со страницата “Trust & Safety” за услугата “Premium Taxi Vision” на компанијата.
Premium Taxi Vision, според веб-страната има за цел да го направи возењето во такси „поудобро и посоодветно“. Веројатно, таа удобност и погодност значи да се „спасат“ клиентите од гледање на реклами наменети за различен пол или старосна група.