Ако некогаш сте помислиле како би ви изгледал домот, дворот или канцеларијата доколку диносаурусите сѐ уште лутаа по планетата, тогаш не сте сами. Но, ние имаме бујна фантазија, нели… Но, некои работи иако звучат неверојатно сепак се вистина, која е докажана од науката. Пред многу години диносаурусите талкале по Земјата на еден поинаков дел од галаксијата.
Да бидат поконкретни, тие живееле на сосема друга страна од галаксијата во која ние моментално орбитираме. Иако ова не е ново откриетие сепак малку луѓе се свесни за овој факт. Благодарение на научник од НАСА, Д-р Џеси Кристијансен работите станаа појасни. Таа ја објасни „галактичката археологија“, објавувајќи анимација која ја направила самата, за да можат „обичните“ луѓе да разберат.
Па, што значи дека диносаурусите живееле на другата страна на галаксијата? Земјата се движи со околу 514.500 милји на час околу Сонцето, на оддалеченост од околу 28,000 светлосни години од галактичкиот центар. Со други зборови, потребни ни се приближно 230 милиони години (или меѓу 225 и 250 милиони години, да бидеме прецизни) за да завршиме орбита околу галактичкиот центар на Млечниот пат.
Бидејќи ерата на диносаурусите била долга – има поголем временски јаз помеѓу Стегосаурусот и Тирансаурус рекс отколку што има помеѓу Т-Рекс и нас – тоа значи дека многу од диносаурусите за кои сме слушнале, всушност живееле од другата страна на галаксијата.