44-годишната Гејл Рејнолдс од Бромсгров, Велика Британија, заработува повеќе од британскиот премиер и тоа продавајќи производи за убавина од врата на врата. Оваа дама на Авон само што си ја купи својата втора куќа вредна половина милион фунти, откако достигнала до речиси 170.000 фунти годишна заработувачка од продавање на производи за убавина.

Станала толку успешна што може да си дозволи да работи само 20 часа во неделата. Рејнолдс, која порано била толку сиромашна, што од гостите на нејзината свадба барала самите да си ја платат вечерата, верува дека можеби е најдобриот продавач на Авон во Велика Британија, откако успеала да стаса до заработувачката од шест цифри. Но, Гејл тврди дека нејзината огромна плата не ѝ удрила в глава. „Јас сум сѐ уште истата дружељубива дама“, вели таа. „Не се променив ни најмалку – и покрај тоа што сега имам плата каква што не сум ни сонувала дека ќе имам.“

av01

Г-ѓа Рејнолдс започнала да работи за Авон пред 13 години, а нејзиниот сопруг го следел нејзиниот пример една година подоцна. Најпрвин двајцата оделе од врата на врата, но потоа почнале да обучуваат и други. „Работата отиде подалеку отколку што воопшто се надевавме – едно време не можевме ни да подигнеме хипотека. Сега имаме два автомобили, Мерцедес 220 и Ауди, а следната година ќе го купиме и третиот автомобил за мене.“ Гејл сега им помага на други да постигнат сличен успех – таа обучува преку 2500 членови на тимот.

„Во моментот живееме во Мидлендс, но многу сум возбудена што ќе се селиме во нашиот нов дом. Уплативме 10 проценти депозит и веднаш се селиме. Има многу земјиште, се наоѓа веднаш до плажа и вреди половина милион. Куќата е прекрасна, многу сум возбудена и сето ова е благодарение на Авон.“

av02

av03 av04

Таа вели дека и нејзиното семејство, нејзиниот син Ешли, 27 години, и ќерките Либи, 17 и Рози, 10, исто така уживале во луксузни одмори благодарение на Авон. Гејл и нејзиниот сопруг Брајан сега уживаат во нивниот успех, а кога се запознале и двајцата се мачеле со нивните ниски приходи. Гејл била самохрана мајка и живеела во државен стан, едвај преживувајќи и користејќи социјална помош. Со Брајан се запознала во супермаркет кадешто работеле и двајцата, а се венчале во 2003 година. Во тоа време биле толку сиромашни што за време на венчавката сите гости морале да придонесат со свои средства.

av05

„Секое пени ни отиде на свадбата. Нашата облека беше купена од продавници за втора употреба.“

Тогаш Гејл почнала да ги продава производите на Авон во нејзиното слободно време за да се обиде да заработи нешто повеќе за нејзината свадба. Но и покрај тоа, пак немале доволно средства за да го покријат свечениот прием, па така тие се решиле на малку дрзок чекор.

„Навистина немавме друг избор, не можевме да си дозволиме да ги нахраниме нашите гости, изгледаше малку некултурно, но моравме да ги замолиме секој од нив да придонесе со по 10 фунти.“

Кога пријателите и роднините виделе колку тешко им оди, почнале да им нудат помош. Стариот шеф на Гејл ѝ ја понудил својата вила во Шпанија да го поминат медениот месец, една пријателка се погрижила за цвеќињата, а сестрата на Брајан ја направила свадбената торта.

„Нивната великодушност толку многу ни значеше. Вечеравме во еден локален хотел. Иако не беше нешто којзнае колку отмено, сепак денот го поминавме прекрасно. Навистина беше како во бајките кога од крпи се стигнува до дворец. Едно време едвај можевме да си дозволиме сендвич, а сега можеме да ја купиме сендвичарницата.“

Во јуни 2013, брачниот пар ја повтори свадбената церемонија за да им се оддолжат и заблагодарат на луѓето кои им помогнале.

av06 av07  av08av09

Сподели на Facebook
пати видено