Сите ние имаме различни животи, некои од нас се успешни, а некои сè уште не можат да се пронајдат во животот. Дилтсовата пирамида, креирана од Роберт Дилтс е модел на лична промена која оди од едно до друго ниво. Промената која се прави на повисоко ниво, би морала да ги промени работите и на пониско ниво. Доколку добро го сфатите овој модел тогаш би можеле да внесете многу позитивни промени во вашите животи.
Значењето на пирамидата
Дилтсовата пирамида на логички нивоа е концепт кој апсолутно секој треба да го знае и да го разбере. Постојат најмалку 2 добри причини за ова:
Можноста за анализирање на животот: Анализа преку прашања во пирамидата може да ви помогне да дознаете одредени работи во животот кои влијаат врз вас.
Можност да влијаеме врз животот: Веднаш штом ќе дознаете кои се вашите главни проблеми, ќе имате јасно сфаќање за тоа што треба да направите за да го направите животот да биде подобар.
Ниво на пирамидата
Пред да продолжиме со објаснување на нивоата на пирамидата и да почнеме да бараме одговори, треба да го знаете главниот трик: одговорот на прашањето за секое ниво може да се најде едно ниво погоре.
Ниво 1: Што имам?
Прашањето за ова ниво е директно поврзано со обврски, финансии, семејство и сè што е поврзано со вашата околина. Разумно прашање е: Зошто ги имате сите работи што ги имате? И да дадете одговор на ова прашање, треба да се преселите на нивото погоре.
Ниво 2: Што да правам?
Прашањето за ова ниво е, очигледно, поврзано со одредени активности. Логично е тоа што дејствата влијаат врз сè што имаме. Паметно е да размислиме зошто го правиме она што го правиме. Одговорот на ова може да се најде на следното ниво.
Ниво 3: Како да изберам?
Секако, изборот што го правиме игра важна улога во нашите животи. Различни фактори можат да влијаат врз нашите избори: цели, здравствена состојба, ниво на страст итн. Но тука имаме и друго прашање: зошто го избираме она што го избираме? Традиционално, одговорот на ова може да се најде чекор погоре.
Ниво 4: Во што верувам?
Тука станува збор за верувањата на одредена личност. На пример, ако верувате дека сè може да се постигне без никаков напор, нема да се трудите премногу за да го постигнете тоа. Меѓутоа, ако верувате дека за сè е потребно многу напор, ќе дадете сè од себе за да ја постигнете вашата цел. Но, зошто веруваме во она во што веруваме?
Ниво 5: Кој\а сум јас?
Како што сугерира името на ниво, ова е прашање на самосвест и само-разбирање (овие концепти ги одредуваат нашите верувања). Многу е важно да се направат реални пресуди за себе и да се избегне намалувањето на предностите и да се кријат недостатоците.
Ниво 6: Зошто сум жив\а?
Последното ниво се однесува на најважниот концепт – смислата на животот. Од суштинско значење е за сите да имаат мисија со која одат низ животот. Таа не треба да е контрадикторна на вашите верувања, избори или дејства.
Затоа, ако ги најдете вистинските одговори на прашањата наведени погоре, ќе ги идентификувате сите празнини во вашиот живот. Како што знаете, многу е полесно да се подобрувате кога знаете кои се слабите точки. Искрените одговори на Дилтсовата пирамида ќе ви помогнат да ги подобрите вашите животи.