„Чесниот“ 32-годишен дилер Дејвид Блекмон од Флорида, решил да повика полиција кога забележал дека залихата од кокаин и 50.000 долари се украдени од неговиот автомобил. Дејвид дури и му покажал на полицаецот од кое место точно бил украден кокаинот, по што полицијата го пронашла, бидејќи очигледно Дејвид го изгубил.

Кога се јавил во полиција Дејвид се претставил како „дилер“ и побарал помош од полицијата. Полицајците пристигнале на местото каде што бил паркиран автомобилот на Дејвид и откако го пребарале откриле дека кокаинот е сеуште таму, а пронашле и луле за крек, веднаш до возачкото седиште.

Кога полицијата тргнала да го уапси Дејвид тој сакал да избега, но сепак бил фатен и обвинет за поседување на кокаин, противење при апсење и за поседување на реквизити за дрога. Дејвид подоцна објавил статус на Фејсбук во кој негира дека направил такво нешто и дека полицијата само сака да го посрамоти.

„Полицијата сака да го извалка моето име не верувајте во се што ќе прочитате. Јас никогаш не би направил такво нешто, никогаш не би се издал самиот себе. Бев храбар и кажав дека кокаинот е мој, но јас не знаев што точно има во автомобилот… не верувајте во работите што ги постираат на Фејсбук, но јас секогаш стигнувам до насловните страници.“, пишувше во дел од статусот на Дејвид, кој очигледно е и малку горд на себе што стигнал до насловните страници.

Сподели на Facebook
пати видено