Розовиот дијамант, познат како розова ѕвезда се продаде за рекордни 71,2 милиони евра на аукција во Хонг Конг. Блескавиот 59,60 каратен дијамант беше купен од локален трговец со накит Чоу Таи Фук. Од аукциската куќа гарантираат негова продажна цена за 60 милиони евра.
Дијамантот е по потекло од Африка, изработен од компанијата Де Беерс во 1999. Како суровина тој бил 132,5 каратен, во процесот на обработка кој траел 2 години, тој ги надмина сите дијаманти продадени во историјата со неговиот уникатен изглед, боја и сјај.