Во претстоен судски спор, колегите на Џони Деп тврдат дека екстравагантниот начин на живот го довел до работ на финанскиска криза. Подносителите на делото тврдат дека холивудската ѕвезда троши 30 000 долари месечно за вино, 200 000 долари за приватни авионски летови, 150 000 месечно за 24-часовно обезбедување, и 300 000 за персонал од 40 души.
Тужбата е одговор на тужбата на Деп покрената на 13 јануари. Тој ја обвинил менаџерската агенција „ТМГ“ дека го измамила за 10 милиони долари. Тој ги обвинува за неправилно раководење со неговите финансии, земање пари без негова согласност и прикривање на неговата фактичка финансиска состојба. Од компанијата тврдат дека единствено самиот Деп е виновен за своите проблеми, бидејќи не сакал да го промени својот начин на живот. Тие велат дека тој на компанијата уште ѝ должи 4,2 милиони долари.