Актерот Џони Деп планира да го купи историското место Рането Колено и да им го подари назад на американските домородци, за да помогне да се исправи неправдата направена во 1890 година.
„Тоа е многу свето место и таму се направени многу злосторства врз Сиуксите“, вели тој. „А во седумдесеттите имаше спор помеѓу федералната влада и луѓето коишто би требало да го поседуваат тоа земјиште. Историското место е важно за културата на Сиуксите и сега сѐ што сакам е да го купам и да им го вратам. Зошто владата не го прави тоа?“
Можеби улогата на Тонто во „Осамениот ренџер“ е тоа што го инспирирало актерот да превземе такво дејство, но која и да е причината, неговиот активизам со сигурност ќе биде ценет од многумина. Деп минал долго време во истражување на различните племиња и добил многу поддршка и одобррување од многу групи на Индијанци пред да започне снимањето на „Осамениот ренџер“. Неговата почит кон културата на американските Индијанци е длабока и тој се погрижил сите вклучени во снимањето реално и автентично да ги прикажат разните индијански племиња.
„Идејата беше да им се оддолжиме и да се погрижиме тоа да го сториме на вистински начин“, вели тој во долгото интервју.
Според изворот, намерата на Деп да оди според следниот план. Почетната цена за Ранетото Колено е 3.9 милиони долари, што е само мал дел од износот кој Деп го заработува од еден филм. Со оглед на тоа, малку што му се испречува на патот да го исполни ова свое ветување.
„Давам се од себе тоа да се случи. Тоа е земја од која биле истерани и потоа таму биле и масакрирани. Тоа навистина ме растажува“, изјавил Џони Деп.
Областа во близина на потокот Рането Колено во индијанскиот резерват Лакота Пајн Риџ (во Јужна Дакота) е местото кадешто се случила последната голема битка во американските Индијански војни. Битката наводно започнала кога постар член на племето одбил да го предаде оружјето. Војничките трупи нападнале, по што најмалку 150 членови на племето Лакота – вклучувајќи мажи, жени и деца – биле убиени.
Оваа слика на дружина од племето Минеконжу Сиукси била направена во близина на местото кадешто се случил масакрот кај Ранетото Колено, еден месец пред масакрот во декември, 1890.
Оддавањето на почит кон културата на американските Индијанци со откупувањето на историската локација би бил голем чекор кон исправањето на неправдата сторена пред сто години. Ова наишло на негодување и гнев од страна на многу американски историчари, бидејќи најмалку дваесет американски војници биле наградени со медал на честа за нивното учество во масакрот. но, има тенденција кон пообјективно гледање на историските настани, што секогаш е за поздравување.