Низ целата плажа Бонд Бич во Сиднеј, Австралија, се кренати џиновски скулптури за годинешниот фестивал „Скулптура крај морето“. Осумнаесеттото издание на оваа традиционална уметничка изложба започна на 23. октомври и на неа се претставени 100 скулптури од целиот свет. Скулптурите се распоредени на површина од 2 километри на целиот морски брег помеѓу Бонд и Тамарама Бич.
Можеби најголемата атракција и фаворит кај посетителите на годинешниот настан е огромната инсталација на Ендрју Хенкин во вид на 24-метарска тава.
„Се пржиме овде“ од Ендрју Хенкин
„Броило“ од Џефри Дрејк-Брокман
„Нашето сеќавање на вашето место“ од Бјонг-Ду Мун
„Прагот на свеста“ од Коичи Ишино
„Прекршување“ од Мајкл Грив
„Крајбрежен тотем“ од Линда Метјуз во соработка со Картер Вилијамсон
„Базен“ од Иан Свифт
„Тони“ од Рон Робертсон-Свон
„Големец“ од Вил Мегвајер
„Прекумерна потрошувачка“ од Кери Аргент
„Оној спокоен миг“ од Стивен Мар
„Забел“ од Маргарита Сампсон
„Мојата куќа е твој дом“ од Кен Ансворт
„На каде да се фати“ од Хери Фејшер
„Сизиф“ од Џорџ Андрич
„Расти“ од Хидеми Токутаке
„Невермор“ од Џонатан Лихи
„Спаси ги нашите души (S.O.S.)” од Кејв Урбан