Најсветлите пламени горат најбрзо. Таков е случајот и со Џими Хендрикс.

Џони Хендрикс

х01

Џими Хендрикс се родил како Џони Ален Хендрикс. Мајка му Лусил имала само седумнаесет години кога го родила на 27. ноември 1942г. Кога се распаднал нејзиниот брак со Ал, таткото на Џими, се распаднал и домашниот живот на семејството Хендрикс.

Осамено момче

х02

Во останатиот дел од неговото детство мајка си ја гледал повремено. Името му било сменето во Џемс, и живеел со роднини, пријатели и познаници во текот на неговите училишни години. Лусил Хендрикс починала во 1958г., кога Џими имал шеснаесет години.

Пресвртница во животот

х03

Кога имал четиринаесет години, Џими за прв пат го видел Елвис на сцена и тоа оставило голем впечаток кај него. Следната година ја купил својата прва електрична гитара, и почнал да настапува со бендови кои ги формирал.

Музичко влијание

х04

Ги слушал великаните на блузот, како Б.Б. Кинг и Мади Вотерс, но исто така бил повлијаен и од раните рокери как Чак Бери. Овие рани влијанија му помогнале да развие револуционерен и нов звук кој еден ден ќе го вивне меѓу ѕвездите.

И во армијата најмногу ѝ служел на…музиката

х05

Го напуштил училиштето во 1959г. и се пријавил во армијата на САД во 1961г. Тренирал во Форт Орд, но и тогаш постојано размислувал за музиката. Во касарната го формирал бендот The King Casuals. Во 1962г. бил отпуштен од војска по претрпена повреда.

Професионален музичар

х06

После тоа Хендрикс целосно ѝ се посветил на музиката. Работел како студиски музичар и свирел како придружен музичар за Ајсли Брадерс, Литл Ричард и многу други. Формирал друг бенд, Jimmy James and the Blue Flames (Џими Џејмс и Сините Пламени) и со нив настапувал во Гринич Вилиџ.

Ново искуство

х07

Во 1966г. формирал нов бенд, откако се запознал со Чес Чендлер, член на групата Анималс, кој станал негов агент. На негов предлог, Хендрикс се преселил во Лондон каде што се запознал со Мич Мичел и Ноел Рединг. Тројцата заедно го формирале бендот The Jimi Hendrix Experience.

Хит плоча

х08

Бендот набргу станал хит на тогашната музичка сцена. „Хеј Џо“ била издадена во 1967г. по што синглот станал огромен успех. Потоа следеле „Purple Haze” и „The Wind Cried Mary”, песни од албумот „Are You Experienced?”

Палење на светот

х09

Во Британија се стекнал со огромен број следбеници, а во 1967 се вратил во САД за да настапи на Поп фестивалот во Монтереј. Американската публика веднаш го засакала. На крајот на настапот Хендрикс ја запалил неговата гитара. По тој настап станал супер ѕвезда.

Гитарист мајстор

х10

Џими Хендрикс правел неверојатни нешта со неговата опрема, коишто порано не биле слушнати. Употребувал Фаз Фејс (дисторзиска педала), фонија, а свртениот Фендер Стратокастер стана препознатлив за него. Леворакиот Хендрикс не знаел да чита ноти, и бил целосно самоук музичар.

Електричен музичар

х11

Вториот албум „Axis: Bold as Love” го издал во 1968, а набргу потоа следувал и „Electric Ladyland” истата година. Групата се распаднала во 1969г.

Историски настап на Вудсток

х12

Таа година Хендрикс го имал својот историски настап на Вудсток. Овде ја извел својата рок верзија на американската химна, за која луѓето сѐ уште зборуваат и се обидуваат да го направат истото.

Истапување во иднината

х13

Неколку месеци потоа заедно со неговиот другар од војска го формирал бендот Band of Gypsys. Работел на албум со работен наслов „First Rays of the New Rising Sun“, кој ветувал успех.

Замирање на песната

х14

Приказната завршува со трагедија. На 18. септември 1970г. Џими Хендрикс починал од компликации предизвикани од дрога и алкохол. Многумина го сметаат како најголемиот гитарист на сите времиња.

х15

Наследство

Било издадено речиси сѐ што снимил Џими Хендрикс. Материјалот од над 1000 работни часови во неговото студио Electric Lady станал достапен за јавноста, како сведоштво за неговата генијалност и мајсторство.

Сподели на Facebook
пати видено