Славниот готвач Џејми Оливер бил присилен да затвори шест негови италијански ресторани, за што го обвинува излегувањето на Велика Британија од Европската Унија. Поради ова 120 луѓе од неговите ресторани во Абердин, Челтнам, Ексетер, Лаџет, Ричмонд во Лондон и Танбриџ Велс ќе останат без работа.

jo01

Но, ова не е првпат Оливер да се соочува со деловни неволји. Во јуни минатата година, Кистон Груп, компанијата која управуваше со „Џејмис Италиен“ рестораните во Австралија, пропадна оставајќи го славниот готвач во долгови. Оливер набргу се дистанцираше себеси од групата, обвинувајќи ја дека шест негови ресторани во Австралија затрупала во планина од долгови. Британските медиуми посочуваат кон можни сомнителни зделки на Оливер, а исто така известуваат и дека клиентите сѐ повеќе се жалат на високите цени, просечна храна и лоша услуга во неговите ресторани.

j02

Сподели на Facebook
пати видено