Препораки за тоа како жените треба да се однесуваат на првиот состанок (и со мажите воопшто) имаат свои корени пред многу векови. И многу од нив не само што се застарени туку можат и да бидат прилично штетни за врската.
1. Определете точен број на состаноци пред да имате секс
Како и многу други слични правила, тоа не е задолжително. Не е важно дали ќе водите љубов набргу по запознавањето или една година подоцна, тој подеднакво треба да ве почитува вас и вашите желби.
2. Не го поканувајте вие на состанок
На овој начин ќе излезете со некој што ве поканил, но вас не ве интеренсира, додека воздивнувате за некој со кој би сакале да излезете. Во 21-век постојат многу начини да контактирате некој.
3. Не се бакнувајте на првиот состанок
Ако сакате да го бакнете, тоа е добар знак. Дома? На улица? Во барот? Одличен начин да го завршите љубовниот состанок.
4. Оставете го тој да плати за сѐ
Уште едно глупаво правило. И двајцата сте возрасни, имате право да си платите за себе, или пак да ја почестите другата страна.
5. Јадете само лесни салати на првиот состанок
Ако навистина сакате да јадете вакви салати, тоа е друго. Но, намерно да покажувате дека сте нимфа која јаде нектар, нема смисла, бидејќи тоа нема да трае долго.
6. Не ви се допадна веднаш? Почекајте, подоцна ќе ви се допадне.
Не е неопходно да застанете кај првата личност што ќе ја запознаете само затоа што тој не е целосен идиот. Заслужувате партнер со кој ќе имате вистински меѓусебни чувства.
7. Одбивајте ненадејни посети и состаноци
зошто мора да одбиете доколку ве покани да излезете 2-3 дена пред договорениот состанок? Доколку немате други обврски нема друга причина поради која не би требало да се видите.
8. Преправајте се дека не ви е грижа за него
Бидете нормална личност и правете го она што мислите дека е правилно.
9. Не започнувајте разговор на контроверзни теми во првите месеци
Што? Потрошивте една година на човек кој е расист или смета дека местото на жената е само во кујна? Избегнувањето на вакви теми може да ве доведе само во вакви ситуации.
10. Не трошете време на пријатни врски што не водат никаде
Доколку и на двајцата ви е убаво зошто да не? Важно е да се стремите кон истите работи.
11. Не се носи тесна облека на првиот состанок
И тогаш што? Дали тој со ужас ќе дознае дека имате нозе и гради?
12. Оставете тој да се грижи за контрацепцијата
Во многу случаи, мажите немаат кондоми. Да се има неколку во чантата е секогаш корисно.